Коронавирусот од вчера зазеде статус на пандемија, па затоа секаде се апелира на мерки за претпазливост.

Министерството за здравство на Саудиска Арабија објави видео со кое објаснува како само една грешка е доволна за да се предизвика брзо и неконтролирано ширење на коронавирусот.

Со тоа, тие им укажуваат на граѓаните дека превентивните мерки треба да се почитуваат и дека хигиената и миењето раце се приоритет во вакви услови.