Докторот Ненад Лазаров на својот фејсбук профил редовно споделува совети и информации. Денеска има апел:

Апелирам до колегите матични лекари да даваат боледувања на сите пациенти со вирози, таму каде ќе констатирате, без преседан.
Изолирајте ги дома, сеуште има и грип, не помагаме на државата ако болни луѓе одат на работа!
Почитувани пациенти, да не ве лаже никој, ограничување по број на издадени боледувања на матитен лекар НЕ ПОСТОИ, ниту некој колега ќе биде казнет заради број на издадени боледувања!

Од друга страна, симулирање на болест може да биде и казниво, освен што е неморално и неетички.
Секој здрав треба да оди на работа се додека не се прогласат поинакви мерки.
Не си дозволувајте било каква форма на притисок да правите кон вашите лекари со барања за боледување, тоа е законски регулирано стручна процена од овластен лекар, не ваша желба, за ваши желби, има денови од одмор, а и неплатен одмор.

Колеги, пријавете такви случаи кај работодавец директно, или испишете таков пациент!

Апелирам и до ФЗО, веднаш да се објави мерка, како во минатото, со која во сезона на грип и вирози, можеме да даваме до 15 дена боледување без специјалистичка препорака!