Агресивниот Covid-19 се прошири скоро во секој дел од светот и зарази повеќе од 130.000 луѓе, но сепак во некои земји сè уште нема пријавено ниту еден случај.

Доколку ја погледнете картата на светот на која се означени земји во кои се потврдени случаи со корона вирус, ќе забележите дека Африка најдобро се брани. Како што велат стручњаците, ова се случува благодарение на високите температури и УВ зрачење.

Потоа, иако вирусот се појави и во Русија, скоро во сите држави од Средна Азија нема ниту еден случај на заразен со корона вирус.

Ниту еден случај од Covid-19 не е забележан во Казахстан, Туркменистан, Киргистан и Узбекистан.

Во Јужна Кореја расте бројот на заразени, а во Северна Кореја нема ниту еден случај на заразен со корона вирус.

Covid-19 не стигна ниту во Венецуела, Уругвај, Гватемала и Алјаска. Исто така, нема заразени ниту на Гренланд.

На нашите простори заразени нема само во Косово и во Црна Гора.