Седум нови случаи на заразени со коронавирус се потврдени во Србија, со што вкупната бројка на заболени порасна на 31 лице.

-Од последниот извештај на 12 март во 18 часот до денеска во 8 часот тестирани се 29 лица од кои 7 позитивни на коронавирус, се наведува во српското Министерство за здравство.

Од новопотврдените случаи, четири се во домашна изолација поради полесна клиничка слика, а тројца задржани на болничко лекување.

Во Србија досега тестирани се вкупно 214 лица.