Во интерес на целосна конструктивност во справувањето со COVID-19, како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, предлагаме до Министерството за здравство и до владата сет на дополнителни мерки:

1. Вклучете ги во листата на хронични болни и пациентите со Дијабет тип 2, кои што се на инсулинска терапија и се со хронични компликации од болеста. Комисијата за здравство во текот на вчерашниот ден доби поплаки од оваа група пациенти дека се изоставени во објавата на Министерството за труд и социјална политика.

2. Обезбедете средства за дезинфекција во болниците. Утрово болниците и клиниките се во потрага кој има резерви за да помогне на оние каде што воопшто ги нема овие средства. Клиниките сами се трудат да се снајдат. Tоа не смее да биде така во ваква ситуација.

Го поздравуваме имплементирањето во целост на сите мерки што досега ги предложивме. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на дневна основа ја следи состојбата и конструктивно предлага сет мерки во континуитет, за поефективно справување со COVID-19.