Почитувани, се надеваме дека сите ќе останете безбедни, водејќи сметка едни за други и ќе ширите само љубов и солидарност со луѓето околу вас.

Одлуката за краткорочно затворање на нашите врати беше тешка, но сметаме дека е неопходна. Ние сакаме да бидеме дел од решението и да ја одиграме нашата улога во тоа да се осигураме дека ова нема да се прошири во рамките на нашата заедница и пошироко.

На сите што имаат направено резервација и се погодени од овие мерки, сакаме да Ви се заблагодариме на разбирањето и поддршката.

Со задоволство ќе ве очекуваме во нашиот ресторан веднаш штом се реши ситуацијата и ќе можеме да го гарантираме здравјето на нашите гости и нашиот тим.

Со почит,
Тимот на ресторан Форца.