Детската клиника во Козле целосно се подготвува за примање пациенти заразени со коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека пациентите кои досега беа сместени во Козле денес и утре ќе бидат преместени во друга болница за да не се мешаат со заболените од коронавирус.

„Болницата во Козле целосно ќе се спреми да прими деца евентуално заболени од корона. Сите сега хоспитализирани во текот на денот и утре ќе бидат префрлени на клиника за педијатрија за да бидат излоирани од возрасните и но и од другите болести на педијатрија“, рече министерот Филипче.

Тој потсети дека повеќе нема редовни утрински стучни колегиуми на клиниите со цел да се намали контактот меѓу колегите. Ќе се координираат телефонски, под раководство на директорите. Министерот рече дека, согласно препораките, се одлужуваат сите хрночни пациенти оние кај кои интервенцијата може да се одложи, а се третираат само итни и малигни кај кои нема простор за одложување.

За пациентите во Дебар денес бил назначен координатор на служабата за инфективни болести.

„За координатор е назначен професор од Инфективната клиника. Во следниот час ќе змине и, таму ќе престојува. Ќе ја организира работата и активностите околу петте пациенти кои се вчера дијагностицирани, како и околу тестирањата што ќе се прават. Таму веќе има епидемиолог и двајца инфектолози од Дебар“, рече министерот Филипче.

Во однос на забелешките за недостиг на респираторни машини, Филипче извести дека имаат вкупно 120 од кои 90 се во Скопје.Тој се заблагодари на приватните клиники за отстапените капацитети кои вклучуваат и 70 интензивни легла со респираторни машини за оваа патологија.