Времето претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната температура од четири до 14 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. Во среда и во четврток ќе дува умерен северен ветер.