Во последното 24 часа во Шпанија 168 починати, во Италија 345 жртви на коронавирусот

Во Шпанија во изминатите 24 часа од новиот коронавирус починаа 168 лица со што бројот на жртви сега е 510. Бројот на потврдени случаи се зголеми за 1.400 за еден…

Во Шпанија во изминатите 24 часа од новиот коронавирус починаа 168 лица со што бројот на жртви сега е 510. Бројот на потврдени случаи се зголеми за 1.400 за еден ден.

Во Шпанија досега се регистрирани 11.409 заразени со Ковид-19.

Во Италија, пак, во последните 24 часа починале 345 луѓе, а 3.526 биле ново заразени со коронавирус. Тоа е повеќе од вчерашната бројка кога имаше 3233 новозаразени.

Вкупниот број заразени во Италија изнесува 31.506, а во моментов се заразени 26.062.

 


Related Articles