Игор Николов: Ние даваме конкретни предлози, некои се прифаќаат со доцнење, а некои не се прифаќаат

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчера вечер говореше за ситуацијата со корона вирусот во земјава и светот. -На почетокот доцневме многу со реакција на ситуацијата со…

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчера вечер говореше за ситуацијата со корона вирусот во земјава и светот.

-На почетокот доцневме многу со реакција на ситуацијата со корона вирусот. Ние и како партија предложивме сет мерки и јас мислам дека така треба да делуваме. Прво, треба да се подготват и да им се дадат јасни насоки на матичните лекари. Потоа да се укинат рецептите за да не одат хронично болните кај матичен лекар. Болниците мора да ги подготват капацитетите. Отворено е и прашањето колку луѓе има во карантин. Има најави дека дијаспората ќе доаѓа, мора да има јасни насоки за нив и да се подготви карантин, а не како оној што го видовме пред некој ден. Многу важно е да има заштитна опрема за медицинскиот персонал. Овој персонал нема соодветна опрема, нема доволно опрема за нив. Кризниот штаб многу доцна се формираше. За сето ова мора да се делува многу брзо, рече Николов.

Според него, Македонија дојде во оваа ситуација и до оваа бројка на носители на коронавирусот, зошто немаше соодветна контрола на границите.

-Контролата на границите многу доцнеше. Затоа се соочуваме со оваа ситуација, а истата веројатно во следниот период ќе ескалира. Ние даваме конкретни предлози како партија и сакаме да бидеме конструктивни. Но, предлозите се прифаќаат со доцнење, некои не се прифатени, рече Николов.


Related Articles