Денеска топло и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во текот на ноќта се очекува постепено зголемување на облачноста.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со максималната дневна температура околу 22 степени.

Во недела, особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник температурите на воздухот ќе опаднат за околу 10 степени.

Од понеделник на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на снежна покривка. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.