Медицинските работници ширум светот се наоѓаат на првата линија во борбата против коронавирусот. Голем дел од нив, додека луѓето се во карантин, работат без паузи и имаат долги смени.

Еден од нив, јавува Си-Ен-Ен, е и доктор Никола Сгарби (35) од Италија кој заедно со медицинските сестри ја прикажуват вистинската слика на тоа низ што поминува здравствениот персонал во воие моменти. Во моментов во светот, најтешка е ситуацијата во Италија каде на дневно ниво се бројат и околу 600 починати од коронавирусот.

Доктор Сгарби работи во болницата во Модела и до 13 март имал нормални смени, се до екот на епидемијата: сега работи по 12 часа и ги лекува заболените од коронавирусот додека носи заштитна опрема.

-Направив селфи фотографија од две причини. Сакам да и кажам на сопругата дека ја завршив смената и дека ќе тргнам дома, а второ да и покажам сликата на својата едногодишна ќерка кога ќе порасне и кога ќе и кажувам за овие моменти, изјавил Никола. Неговата фотографија брзо се рашири по социјалните мрежи, а со тоа пораснаи бројот на медицински персонал кој исто така објавува фотографии со кои сака да покаже дека токму тие го даваат својот максимум во борбата со овој вирус кој го обиколи светот.

Докторите и останатиот медицински персонал упатуваат порака дека само со почитување на мерките кои ги даваат државите, може на нив да им се помогне во вакви услови. Што повеќе заштитени и намален број на заболени, поголеми шанси за помош и спас на оние кои се веќе заразени со коронавирусот.

Медицинските лица се прогласени за херои во борбата против коронавирусот.