„Во партнерот бараме дополнување, а не копија на себе. Интуитивно бараме луѓе кои можат да ги пополнат нашите празнини или да бидат јин на нашето јанг, бидејќи преголемата разлика секако создава конфликт“, вели Атина.

Овен

Најмногу му одговараат Лав и Стрелец.

Потребата на Овните за авантури најдобро ќе ги поврзе со Лавови и Стрелци. Од друга страна, Вагата е сосема спротивен знак од Овенот, а останатите воздушни знаци го фрустрираат Овенот поради комуникативноста. Тој не сака многу да зборува, туку да делува.

Во врска Овенот се плаши да не ја загуби независноста.

Бик

Најмногу му одговараат Девица, Јарец и Вага.

Бикот е отворен за убавина, има добар вкус и сака комфор. Најдобро ќе се сложува со земни знаци, како Девица и Јарец. Вагата и Бикот, со кои владее Венера, се добра комбинација за исти интересни кон уметноста.

Биковите се плашат да се врзат за некого, затоа често се потпираат на самите себеси.

Близнаци

Најмногу им одговараат Вага, Водолија и Лав.

Близнаците многу си одговараат со Вага и Водолија, но одлично се сложуваат и со Лавови. Само не со водени знаци, Риби, Скорпија и Рак бидејќи овие знаци сакаат да остварат подлабока физичка и емотивна врска.

Рак

Најмногу си одговара со Риби, Скорпија и Рак.

Кон Раковите треба да се однесувате со големо внимание бидејќи се многу чувствителни и лесно навредливи. Многу други знаци се премногу груби за нивната нежна душа.

Јарецот, кој е спротивност на Ракот, може да му даде поддршка, но не спаѓа во партнери со многу емпатија.

Лав

Најмногу му одговараат Овен и Стрелец.

Лавот ужива во помислата дека сите го сакаат, но не секој може да се носи со неговата огнена природа. Добро се сложува со Овен и Стрелец, но додека истовремено ги инспирираат другите исто така им одземаат и многу енергија. Партнерството на два Лава претставува постојана борба за „круната“.

Девица

Најмногу им одговараат Јарец и Бик.

Девиците не толерираат драма и љубовта ја покажуваат низ дела. Од партнерот бараат исто, да работи напорно. Огнените знаци можат да го зачинат животот на Девиците, но нивната непредвидливост и недостаток на внимание за одредени детали можат да предизвикаат нервоза кај Девиците.

Вага

Најмногу си одговараат со Близнаци и Водолија

Вагите се сложуваат со сите бидејќи се исклучително прилагодливи. Овој друштвен и интелектуален знак ужива во друштвото на зборлестите Близнаци и иновативните Водолии. Вагата сака паметен, сталожен и атрактивен партнер, така што емотивно нестабилните Ракови и Скорпии за нив претставуваат ризици. Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се добар извор на инспирација.

Вагите не сакаат конфликти и се плашат од нарушување на мирот.

Скорпија

Најмногу си одговара со Рак, Риби, Јарец и Бик.

Скорпијата никогаш не е задоволна со површинската слика и секогаш се труди да загребе под површината. Има силен сексуален и емоционален нагон, за неа е потребен некој со желба и издржливост. Добро се согласува со водени знаци, Ракови и Риби.

Скорпијата е многу посветена и веројатно ќе се чувствува предадено ако покрај себе има површен Близнак или авантуристички настроен Стрелец. Но, Јарците и Биковите можат да се покаѓат како одлични во сексот.

Стрелец

Најмногу си одговара со Овен, Лав и Близнаци

Стрелците ја сакаат слободата, а во тој чекор може да ги следи Овенот и Лавот, делејќи ги со нив занесот и страста кон животот. Стрелецот не може да поднесе партнер кој сака да го контролира, промени или поправи како што се скорпијата, Девицата или Јарецот. Стрелесот сака да биде со некој кој ќе истражува со него и ќе се забавува, како Близанците и Овните.

Тешко е да припитомите еден Стрелеци, како физички така и ментално.

Јарец

Најмногу си одговара со Бик, Девица и Рак

Јарецот добро се сложува со сите кои животот го сфаќаат сериозно и сакаат да напредуваат. Бикот е најдобар кандидат, но и Девицата со нејзината работна етика. Лавот го инспирира Јарецот да презема ризици, но истовремено и го плаши. Ракот и Јарецот се дополнуваат бидејќи имаат традиционални погледи на романтиката и семејството. Јарците се многу одговорни и не трпат импулсивни личности како Овните, ниту егоцентрични луѓе како Лавовите.

Водолија

Најмногу си одговараат со Вага, Близнаци, Овен, Стрелец и Лав

Водолијата не трпи ограничување ниту забрани. Најдобро функционира со партнери кои имаат отворен ум како Вагите и Близнаците. Водените знаци емотивно ја гушат Водолијата која сака одредена дистанца кога станува збор за интимноста.

Риби

Најмногу си одговара со Рак и Скорпија.

Потребата на Рибите за емотивна компатибилност значи дека ќе пронајдат сродна душа во Рак или Скорпија, водени знаци кои ги разбираат нивните емоционални потреби и лесно можат да ги исполнат. Девицата е спротивен знак од Рибите и иако земјените знаци можат да им овозможат сигурност на Рибите, исто така можат да направат да се почувствуваат тажно или осамено поради нивната неспособност да предизвикаа длабоки емоции.

Рибите се многу чувствителни на енергијата околу себе, а огнените знаци како Овен, Лав и Стрелец се претешки за нив.