Министерот за здравство денеска низ тетовскиот регион. Додека во Скопје го чекаат бројни нерешени проблеми како од недостиг на кадар така до реализирање на барањата на еснафски здруженија, Филипче беше на отворање на селска амбуланта во Боговиње, каде се сликаше со претставниците на турската ТИКА а се пофали за денешните активности и на фејсбук.

-Со почетокот на Рамазанските пости убава вест за жителите во село Урвич, општина Боговиње. Свечено ја отворивме реновираната и комплетно опремена амбуланта која е донација од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА. Благодарност за донацијата која е од огромно значење за жителите на Урвич и Боговиње кои ќе добијат здравствени услуги во нова и современа амбуланта. Соработката меѓу Министерството за здравство и ТИКА продолжува и понатаму во делот на донација и реконструкција на здравствени установи, како и обука и едукација на здравствени кадри, напиша Филипче на својот фејсбук профил.