Во Словенија регистрирани 36 нови случаи на коронавирусот

Националниот институт за јавно здравје на Словенија потврди дека во земјата се регистрирани 36 нови случаи на лица заразени со коронавирусот. Со овие нови случаи вкупниот број заразени изнесува 562….

Националниот институт за јавно здравје на Словенија потврди дека во земјата се регистрирани 36 нови случаи на лица заразени со коронавирусот. Со овие нови случаи вкупниот број заразени изнесува 562.

До сега во државата се направени 17.294 тестирања. Според информациите на надлежните од сите заразени, во болница се само 98, а 17 се на одделот за интензивна нега.

Како последица од Ковид-19 почина уште едно лице, а се работи за постаро лице, сместено во Домот за стари лица Метлика, кое имало и претходни тешки хронични болести.

Со ова вкупната бројка на починати од коронавирусот во Словенија изнесува шест лица.


Related Articles