ОВЕН

Можно е да не сте најдобро расположени. Пред вас е период во кој ќе постојат некои компликации. Сакате промени на љубовното поле и подготвени сте да влезете во нова врска. Проблеми со колковите.

БИК

Ве очекуваат нагли промени на полето работа, и нема да ви биде лесно сите проблеми лесно да ги решите. Ве очекува период во кој ќе имате бројни нестабилности во односот со партнерот. Проблеми со нозете.

БЛИЗНАЦИ

Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекуваат ден кој ќе биде поволен за подобрување на ова поле. Ако сте сами, ново познанство ќе ви се случи, но и нови емоции. Водете сметка околу варењето на храната.

РАК

Пред вас се некои отежнувања кои би можеле да ве спречат на патот до вашиот успех. Очекувајте контакт со поранешниот партнер кој ќе ви понуди помирување. Одлуката ќе биде на вас. Болки во грлото.

ЛАВ

Ве очекува фаза во која ќе имате важни случувања на работното поле. Поработете и подгответе се на концетрацијата. Немојте да очекувате дека на ова поле ќе успеете да направите некои големи пресврти. Штитната жлезда ви е чувствителна.

ДЕВИЦА

Не е претерано поволен ден за работа. Немојте да се впуштате во било какви ризици на ова поле. Сакате да добиете внимание и љубов од личноста која ви значи. Главоболка и умор.

ВАГА

Полека доаѓа до почнување на промени кои сте ги очекувале и сакате еден долг временски период. Можно е да не сте добиле доволно емоција и да не сте подготвени да ја завршите врската во која сте. Малаксаност.

ШКОРПИЈА

Имате желба да бидете успешни и ќе направите се што е до вас за тоа да го остварите. Уживате во необврзувачки флерт и не сте подготвени за нешто посериозно. Слободата сега ви е најважна. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Моментално стагнирате и таа ситуација воопшто не ви годи. Не ви е поволен период за големи промени. Уживате во необврзувачки флерт со личноста која ви значи. Проблеми со алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Во исчекување сте кога е во прашање работата и финансиите. Работите не одат во правец во кој што сте се надевале дека ќе одат. Може да очекувате период во кој ќе успеете да остварите стабилен однос со партнерот. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Сакате да се посветите на својата работа и да остварите напредок кој веќе долго време го планирате. Можно е да имате некоја забранета љубов или ви се допаѓа личност со која ќе имате проблеми. Генерално добро здравје.

РИБИ

Пред вас е период во кој ќе ви биде потребно размислување и правење на некои нови тактики. Интуицијата може да ви укаже на поволни промени кои се пред вас. Ве очекува добар ден. Повеќе одморајте.