Рентген-техничар од Клиниката за кардиологија е заболен од корона-вирусот, дознава неофицијално „Фокус“. Тој со симптоми на вирусот доаѓал на работа, по што бил тестиран.

Според информации на Фокус, ова медицинско лице не бил во странство, но најверојатно се заразил додека бил дома, бидејќи вработените на клиниката се поделени во два тима, кои се менуваат неделно или на две недели.

Фокус пишува и дека техничарот немал контакт со пациенти, но затоа во изолација се пратени петнаесетина негови колеги кои ќе бидат тестирани.

Официјални информации се очекуваат од Министерството за здравство.