Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека во наредните неколку дена ќе се донесе одлука дали земјата ќе воведе 24 часовен полициски час. Според Вучиќ тоа ќе зависи само од однесувањето на граѓаните.

Тој истакна дека извештаите покажале дека луѓето многу се движат особено во градските делови.

-Најлоша е ситуацијата во Белград. Најголемо жариште и најголема опасност. Повеќе од половина од заразените, а според мојата проценка ќе бидат 60 проценти, истакна српскиот претседател кој посочи дека кинеските експерти се уште не се за воведување на мерката за затворање на градот.

Доколку ваква мерка се донесе, таа би траела 14 дена.