За смртта на пациентката од струшко која не беше примена во Охридската болница, лекарите од оваа здравствена институција кои одбиле да ја прегледаат 66 годишната жена, вината ја префрлаат кај министерот Венко Филипче.
Тие за Алфа ТВ, велат дека доколку ја примеле пациентката ќе ги прекршеле алгоритмите на Министерствотот за здравство.

„Од страна на МЗ имаме добиено алгоритми за работа со пациенти, кои што нашето одделение ги почитува во целост. Бидејќи се работело за пациент кој бил во контакт со заразен од Ковид-19, постапено е во целост со алгоритмот за постапување со ваков вид на пациенти и е побарано да биде извршено тестирање од чиишто резултати ќе зависи понатамошното постапување. Согласно алгоритмите на МЗ, Инфективното одделение во Охрид, не исполнувало услови да се третираат тешки пациенти, бидејќи не последуваме нити медицинки помагала и апарати, ниту пак соодветен персонал. Истите треба да се препратат до Клиниката во Скопје“.

Оттаму тврдат дека немале упат за прием на сега веќе починатата пациентка.

За овој срам што го доживеав, ќе зборувам гласно се’ додека дишам. Денот кога ја дадов заклетвата дека ќе лечам без оглед на се’ за мене е светост -но не и за лекарите од инфективното одделение во охридската болница кои не оставија 3 часа надвор, на ниска температура со пациент во исклучително лоша состојба, вели доктор Рушка Демиши која од петни жили се обидувала да спаси но не еден, туку два животи.

27-ми март, ден како и секој, доктроката Демиши која работи во итната медицинска помош во Лабуништа тргнала на работа да ја одработи ноќната смена, кога добила повик од семејство на пациентка со веќе констатирана пневмонија дека нејзината здравствена состојба се влошила. Веднаш, почитувајќи ги сите пропишани протоколи се упатиле во општата болница во Струга, каде што после прегледот од страна на интернист, со упат во рака тргнале во Охрид, со цел да ја примат на инфективното одделение. Но наишле на затворена врата, со дежурната докторка комуницирале преку малечко прозорче до врата, но кога слушнала дека се работи за пациент од Лабуништа, одбила да ги прими бидејќи како што рекла се работи за подрачје сомнителни на коронавирус.

„Пациентката ми беше на кислород цело време во комбе, воопшто не ја извадив од комбе затоа што беше многу ладно, а врата не се отвори, никако не се отвори. Воопшто не е прегледана пациентката од страна на инфектолозите во инфективно одделение во Охрид, значи за време на тие 3 часа пациентката остана во комбе. Морав во комбето да одржам одредена температура зошто уште ладните температури да ми ги осетеше, ќе ја изгубевме пациентката, сите резерви на кислород реков ми се потрошени ве молам пациентака е упатена на брис. Викат директорката одбиват траспорт на пациентката,ние не можеме да ја транспортираме, ќе ја оставиме болницата без тим. Слушајте, реков ваму, јас сум одговорна за терен од околу 20.000 жители јас не можам, да ги оставам, нема кој да ги покрива“ вели Демиши.

Не помогнале нити очајните зборови на семејството да ја примат до изутрина, па протоа тие сами ќе ја однесат во Скопје,оти веќе започнал полициски час и не можеле ноќта да ја носат.

После три часа молење, во безизлез, итната медицинска помош со пациентката се вратила во Вевчани, каде со дозвола на директорот на Здравствен дом Вевчани, тргнале за Скопје.

И тука не е крајот на голготата, истата ноќ болницата од Охрид одби да ја прими пациентката од село Татеши, која подоцна почина.

„Значи две пациенти носиме од нашиве терени, едно возило јас,едно возило струшката болница што не сакаа да ги примат на инфективно и пациентката во Татеши не доби ни можност да дојде до Клиника за инфективни болести Охрид, умре дома. Кажете ми сега што заслужи таа жена во нејзиниот живот за не добие никаков третман? Ако мојата пациентка беше прифатена од страна на инфектолозите јас на време ќе имав пратено комбе Вевчани, Вевчани на свој ризик ќеја земеа таа од Татеши ќе ја носеа секаде, до каде што ќе живееше до таму. Ако јас тазе дипломиран доктор и направив на пациентката комплетен преглед,па засрами се ти со искуство што седиш од драгата страна на прозорот да не заболиш, а воопшто не ни знаеме дали пациентката е позитивна или не“, вели Демиши.