Позитивниот средношколец од Велес е испуштен од официјалната евиденција на МЗ поради лошата комуникација меѓу здравствените установи

Попладнево во електронските медиуми беше објавено дека средношколец од Велес е заразен со коронавирусот, но истиот го нема во евиденцијата на Министерството за здравство. Средношколецот бил тестиран во понеделникот, а…

Попладнево во електронските медиуми беше објавено дека средношколец од Велес е заразен со коронавирусот, но истиот го нема во евиденцијата на Министерството за здравство. Средношколецот бил тестиран во понеделникот, а неговите резултати ги потврди денеска неговиот матичен лекар кој веќе ги известил и ЦЈЗ Велес и Велешката болница.

Од ЦЈЗ Велес ја потврдија информацијата, но велат дека тие подоцна ги добиваат резултатите од тестовите кои одат преку матичните лекари, па затоа во официјалната бројка на министерството овој заболен го нема. А според министерот Венко Филипче, во последното деноноќие се регистрирани 30 заразени, од кои ниту еден од Велес.

Матичниот лекар на новозаболениот велешанец информира дека резултатот го добиле во 12:30 часот и веднаш го известиле семејството на заразеното момче, но и ЦЈЗ Велес како и инфективното одделение во Велешката болница. Младиот велешанец најверојатно се заразил од негов роднина, кој пред две недели се вратил од странство, но немал никакви симптоми.

Средношколецот неколку денови е дома со симптоми на коронавирус, но бидејќи до денеска немаше резултати од неговиот тест, тој не беше хоспитализиран. Ова е седми позитивен случај на коронавирус во Велес.

Според статистиката која ја објави Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Дванаесет од нив се во Скопје, девет во Прилеп, осум во Куманово и еден во Крива Паланка.


Related Articles