Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страна напиша дека нивната колешка Др.Калина Старделова иако е дел од фелата, наместо да ги брани нивните интереси, таа ја банализира бројката на инфициран медицински персонал. Според нив, Др.Старделова е уште еден пример како не треба да се однесуваат медицинските работници во состојба на пандемија, а се алчни за позиции и имаат судир на интереси. И таа како и директорката Цаца се недопирливи за правдата.

-Корона епидемијата денес ни покажува и потврдува зошто човек не треба да биде манипулатор, алчен за позиции и не треба да има судир на интереси. Токму оваа епидемија потврдува дека кога некој има судир на интереси, не може да се однесува професионално и да дејствува рационално.

Таков е примерот со Претседателката на ЛКМ Калина Старделова, која седната во скутот на Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да ги брани интересите на феалата и заштита на нејзините членови, таа дава изјави со кои ја банализира големата бројка на инфициран медицински персонал кој работи со пациентите потврдени со Корона. За Старделова ДКСК пред повеќе од 4 месеци одлучи дека има судир на интереси. Но секако и таа како Директорката Цаца, со провиниенција од судски семејства се недопирливи за правдата.

До сега околу 14-18% од заразените со Корона се медицински персонал, најверојатно заради несоодветната опременост и работа без заштита.
Секако за Калина Старделова е поважна директорската функција и функцијата Претседател на ЛКМ, отколку да ја заштити фелата и персоналот, пишуваат од комисијата.