Вчера во емисијата„Заспиј ако можеш“ имаше линковско јавување Васко Белески од Швајцарија кој во неколку наврати донира на македонските лекари опрема за да не се борат голорако со пандемијата корона вирус.

Во тек на своето линковско јавување посочи дека се обратил и до министерот за здравство Венко Филипче кој го поврзал со неговиот кабинет и од таму му потврдиле дека имаат недостига на маски за медицинскиот персонал.

„Значи и се обратив до министерот Филипче, кој што понатаму ме пренасочи до кабинетот и морам да кажам дека и од таму ми потврдија, госпоѓата од таму ми потврди дека нема доволно маски. Значи нема доволно маски HM95, M95, тоа се тие маски кои што се потребни, кои што најмалце 95% штитат од корона вирусот“, појасни Белески.

Белески додаде дека не сака никого да напаѓа, но факт е дека во овој момент треба да се тргне политиката настрана, и треба навистина да се сфати овој предизвик многу сериозно и да се помогне колку што се може.

 

Извор: Курир.мк