Во текот на изминатите 24 часа (04/05.04.2020) на ниво на целата држава евидентирани се 164 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што 122 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, посочуваат од МВР, на 264 лица во земјава им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржувало на мерките за самоизолација, соопшти МВР.