Во текот на вчерашниот ден до нашата редакција пристигнаа реакции од социјалните мрежи на лица кои се инволвирани во здравствениот систем и граѓани кои се загрижени за состојбата во државата во моментот. Во најголемиот ек на коронавирусот во Македонија, во ден кога имаме 53 лица новозаболени или најмногу до сега во еден ден, со нови 5 смртни случаи министерот Филипче го немаше никаде да се појави и да ги информира граѓаните, да ги каже мерките кои се превземаат, да ги пренесе информациите, едноставно министерот дали се уморил од се и си земал слободен ден, па на крајот и он е само човек, нели? посочуваат и прашуваат граѓаните од ФБ и Твитер заедницата.

Во текот на вчерашниот ден измина најтешкиот ден за Македонија откако почна пандемијата со COVID – 19 !
Официјално 53 новозаболени од тестираните, 5 смртни случаеви … Многу неразумни нешта, на пример зошто во Куманово се направени само 18 тестови, од кои 4 се позитивни, а од завчера владата го прогласи за најкритично подрачје. Не треба ли во овој град тестирањата да бидат масовни за што подобра епидемиолошка слика на населението во Куманово?

Здравствени работници кои во континуитет бараат опрема за здравствена заштита, со право го прават тоа, бидејќи почнува да  загрижува податокот што бројот на позитивни на COVID – 19 здравствени работници кај нас надмина и 15 % од вкупно заразените. Загрижува и податокот што по еден месец на пандемијата кај нас, бројот на излекувани и
бројот на починати е приближно ист !

Во текот на вчерашниот ден се случија и неразјаснети причини за смрт … починат возрасен човек, починато бебе и во целата таква ситуација и состојба, во еден таков посебно критичен и чувствителен ден за цела Македонија министерот Филипче не се појавува на прес! Го нема, не е достапен, едноставно го прескокна вчерашниот ден.

Дали е уморен, Венко, ако е да го разбереме … Но тој по вокација е хирург и навикнат е на продолжена работа… Каде е денес министерот Филипче ? – прашуваат граѓаните по социјалните мрежи.

Дали Филипче не е спремен и подготвен да се справува со вакви или слични ситуации? Дали министерот најверојатно не се нафатил да биде миниситер за здравство за вакви работи? Дали Венко едноставно го сака и обожува според досегашната пракса и неговата работа оној дел од министерската работа каде се договараат тендери во 4-ри очи, се доделуваат тендери на блиски пријатели и роднини, каде се прогласува епидемија од морбили за да се вакцинираат повеќе од 40.000 илјади граѓани за да може да се профитира од вакцините, дали посебно му мил и драг оној дел каде се продаваат или делумно приватизираат одредени државни здравствени институции или делот каде се збори и договара изградба на катни гаражи и нов клинички центар, а од тоа да нема ништо и не се случува ништо освен подигање на кредити за таа цел?

Дали само во тој дел од работата се наоѓа министерот Филипче? Дали ова што деновиве се случува го исцрпува и најверојатно поради тоа што и сам не може да ги разбере одредени причини за новите смртни случаеви, за многуте неправилни постапки, па поради тоа и го прескокна вчерашниот ден? Да не случајно и министерот е заболен од COVID-19? Што се случува, јавноста и граѓаните бараат одгвоори, позицијата министер освен бенефити носи и одредени обврски кон граѓаните, пациентите и болните во Македонија?

И што се случи вчера ? Дали кога сите го чекаа Филипче на прес, тој зема слободен ден … Дали за него Македонија може да почека, граѓаните може да почекаат, коронавирусот и утре ќе биде тука, нема ништо да се смени, еден ден бил/небил на работа, па нема ни да се примети, дали тоа си го помислил министерот Филипче? Бидејќи тоа го мислат граѓаните и го постираат и пишуваат, постираат по своите профили по социјалните мрежи и прашуваат. Јавноста заслужува одговор!