Познатиот доктор од Дебар, д-р Арбен Аголи оздраве од коронавирус и е во многу добра здравствена состојба. Ова го истакна д-р Аголи за во изјава за ИНА, додавајќи дека по 14-дневната изолација, тој сега е во добра здравствена состојба и дека е излечен од овој вирус.

Јас се чуствувам многу добро и успеав. Ги следев препораките и терапијата што ми ја препорачаа моите колеги инфектолози. Денес сум добро и влегувам во 15-тиот ден и чекам да започнам со работа во мојата ординација, рече за ИНА, д-р Аголи, кој специјалист по педиатрија.

Тој заедно со уште два члена од неговиот персонал пред повеќе од две недели резултираа позитивни на направениот тест по што се ставија на 14-дневна изолација. Дебар пред две недели беше жариште на вирусот а сега има драстичен пад. Досега овој град има 49 заразени. (ИНА)