Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера вечер беше гостин на една од емисиите на нашите ТВ куќи, каде ја изрази загриженоста за нефункционирањето на здравствениот систем во Македонија, односно за слабото управување со епидемијата наречена Ковид-19. Тој посочи дека доколку министерот за здравство Венко Филипче и сите надлежни институции на почетокот ја сфатеа сериозноста на кризата со коронавирусот, македонскиот граѓанин и воопшто македонското здравство не би се довело во ситуација да нема да се купат респиратори или тоа што се нуди да е прескапо, односно поради неодговорност да се нема соодветна здравствена заштита.

-„Имам чувство дека нашите опоненти од СДСМ критиките ги сфаќаат многу лично. На пример, ние не ја критикуваме Нина Ангеловска, ние не ја критикуваме министерката за финансии. Верувам дека сите тие се добри личности, но има пропусти во политиките, не значи ако сте добар како човек сте и добар министер. Ние сме опозиција и мораме да критикуваме за да се подобрат работите, од тоа зависи здравјето на сите, зависат животи“ посочи Николоски.

-„Мора да критикуваме зошто не се тестира доволно. Желба на ВМРО-ДПМНЕ е министерот за здравство да ја врши работата одлично. Наш интерес е министерот да е добар и да пружи соодветна здравствена заштита, а гледаме дека не е добар и затоа критикуваме. Дај боже да е добар први ќе го поддржиме зошто се работи за здравјето на сите. Нас не не’ интересира кој е како доктор, како неврохирург, туку како министер. А гледаме многу ПР, малку работа, многу прес конференции, слабо справување со проблемите. Проблемот не е од вчера, трае веќе три месеци, а во Македонија не е купен ни еден респиратор, ниту една машина за тестирање“, рече Николоски укажувајќи дека во Македонија здравството е заложник на фармацевстката мафија.

-„Постојат неколку веледрогерии и неколку други луѓе кои имаат силни приватни интереси во здравството кои 30 години се исти или слични и го уништуваат македонското здравство заради профит и затоа имаме вакво здравство какво што имаме. Потценување на кризата на почетокот, затоа дојдовме во ситуација или да нема респиратори да се купат или тоа што се наоѓа да е прескапо, тоа е поради неодговорноста, имаше и обид да се направи криминален бизнис“, посочи Николоски.