Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчера вечер при гостувањето на една од емисиите на нашите тв куќи зборуваше и за причините зошто нема масовно тестирање за коронавирус во нашата држава. Тој посочи дека машините на кои се изработуваат тестовите за Ковид-19 ги има само на Институтот за Јавно Здравје и дека нема доволно обучен персонал кој ќе работи на истите, а како што рече луѓето чекаат 7 до 10 дена за резултати, а бројката на луѓе кои чекаат резултат е поголема од 800-тини. Доколу министерството не се занимаваше со местење на тендерот за биохемиски лаборатории, ќе имаше набавено доволно машини за тестирање на коронавирусот, објасни тој.

-„Основниот проблем сега со корона вирусот е што Македонија не тестира доволно, а тоа е препораката на Светската здравствена организација која вели Тестирај, тестирај, тестирај. Ние го кажувавме тоа уште на почетокот“, рече Александар Николоски.

-„Прво, нема доволно персонал. За жал во Македонија нема доволно вакви лица зошто не се инвестирало во такви луѓе. Второ, нема доволно реагенси. Трето, и да има и персонал и реагенси, нема машини доволно. Во моментов такви машини има само во Институтот за јавно здравје. Зошто не набавило министерството, затоа што го местеа тендерот за биохемиски лаборатории да го дадат на фирма која имаше 27 годишен сопственик. Да поминеше тендерот како што требаше, а не да се одеше со централизација во оваа област, во Македонија ќе имаше барем на 20 места машини, рече Николоски.

Според неговите информации, како што рече, луѓето чекаат 7 до 10 дена резултати.

-„Тоа е тажната вистина, а имам информација дека преку 800 луѓе чекаат резултат“, посочи Николоски.