Американските медицински служби најавија спроведување студија која ќе им помогне на болниците да нудат експериментална терапија со плазма и ќе следат дали тоа помага. Американскиот Црвен Крст ќе биде оној кој ќе ја собира и дистрибуира плазмата. Во минатото овој т.н. ковалесцентен серум беше познат како терапија за време на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, но исто така и против сипаници, бактериска пневмонија и бројни други инфекции пред лекувањето да се насочи кон модерната медицина.

Денес лекарите ширум светот го реоткриваат со векови стариот третман за инфекции: инфузија на крвна плазма која содржи имунитетски молекули кои помогаат во совладувањето на коронавирусот. Засега нема доказ дека ова ќе функционира. Но поранешни пациенти во Хјустон и Њујорк веќе донираат, а болниците и центрите за донација на крв сега очекуваат стотици нови излечени да го следат нивниот пример.

Ваквата терапија функционира на тој начин што кога организмот е погоден од инфекција, телото создава протеини наречени антитела кои се борат со вирусот. Овие антитела остануваат во крва на излечените пациенти, особено жолтата плазма, со месеци, па дури и години.

Докторите не знаат колку долго ќе преживеат антителата против Ковид-19. Во САД веќе се пријавиле илјадници луѓе подготвени да донираат плазма. Но постапката не е така едноставна. Оние кои биле заразени и немаат симптоми веќе неколку недели мора најпрво да се тестираат за да се осигура дека повеќе го немаат вирусот. Притоа мора да бидат и доволно здрави за да исполнат и други услови за донирање крв, но и да извршат тестови кои ќе покажат дали нивото на антитела во нивната крв е доволно високо.

„Не ви е потребна плазма од некој кој имал слаб имунолошки одговор. Тоа нема да помогне“, вели д-р Џули Леџервуд од Националниот институт за здравје.

Кинеските доктори, пак, минатата недела соопштија дека сите пет пациенти кои добиле конвалесцентна плазма покажале подобрување во рок од една недела. Но тие исто така примале и друга терапија, и без целосна студија, нема начин да се знае дали плазмата навистина помага.

Во Србија, пак, за десетина дена ќе започне таканаречената плазма терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа изјави дека Србија ќе започне со производство на тестови за антитела со цел да добие информации за нивото на отпорност на населението. -Ќе направиме банка на плазма за подготвени да ја дочекаме есента или зимата, или кој било друг напад на епидемија – додаде Брнабиќ.