Општинскиот кризен штаб од Куманово на денешната 28 седница побара од МТСП да се вклучи во обезбедување пакети за социјално загрозените семејства, претседателите на месните заедници да достават списоци со ранливи категории граѓани, здравствените власти приоритетно да ги обработуваат тестовите на здравствените работници од Куманово.

Во соопштението на штабот е наведено дека се бара од МТСП да се вклучат во обезбедување на социјални пакети со средства за дезинфекција и прехранбени производи за сите социјално најзагрозени семејства на територија на Општина Куманово. Претседателите на месните и урбаните заедници да достават список до општинскиот кризен шатб, на најзагрозените семејства од нивните средини за да може навремено да се дистрибуираат социјалните пакети. Уште еднаш, одговорните од штабот апелираа до граѓаните да не ги користат детските игралишта кои претходно беа затворени, инаку, се посочува во соопштението МВР ќе постапува со казнување, согласно Законот и одлуките на Владата.

– Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и Институто за Јавно Здравје Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат Центар за јавно здравје – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово- се вели во соопштението на штабот.