Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје детално зборуваше за корона вирусот во Македонија. Како што истакна тој, се очекува бројот на заболени да расте во наредниот период.

„Ние имаме искуство со вирусот само во овие четири месеци. Црпиме информации од тоа што се случува во Кина и Европа. Кога Кина го пријави првиот случај, ние бевме неми сведоци. Се што сме презеле, вродило со плод. Ќе кажам дека некои држави го копираат нашиот модел. Мерките од Србија се од минатата недела, ние ги направивме две до три седмици порано. Од епидемиолошки аспект, мора да поминат шест до осум седмици за да се добие пикот на заразата. Ќе се направат истражувања и ќе видиме дали е можно корона вирусот да бил порано во Македонија“, истакна Караџоски.