Кинеските здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од последици од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа во Кина регистрирани се десет новозаболени од Ковид-19, што е за 30 помалку од претходниот ден. Исто така намален е на шест, бројот на заразени помеѓу граѓаните кои се вратиле од странство, додека претходниот ден биле пријавени 23 такви нови случаи.

Исто така забележан е и пад на бројот на асимптоматски пациенти од 42 на 27.

Во Кина досега регистрирани се 82.798 инфицирани лица со новиот коронавирус, од кои 4.632 починале, а оздравеле 77.207 луѓе.