Претседателот на Србија, Александар Вучиќ верува дека владата нема да ја менува одлуката за претстојниот викенд и дека ќе има забрана за движење од петок во 18 часот до понеделник до 5 часот.

-Што се однесува до наредниот викенд, нема попуштање, знам дека не смее да биде. Изминативе денови ги слушав лекарите, и тие се за тоа да се продолжи забраната за движење уште најмалку две недели, особено за викенд кога се најголемите гужви, вели Вучиќ.

Тој вели дека сите сега ја плаќаат за недисциплината од пред 21 ден кога на улиците имало многу луѓе.

-Овој викенд е извесно дека владата нема да ја менува одлуката и забраната за движење. Претпоставува дека така ќе биде. За потоа, ќе видиме во согласно со епидемиолошките можности, додава Вучиќ.