Во Кина во последните 24 часа потврдени се уште шест нови случаи со Ковид-19, што е помалку од вчера, кога нивниот број изнесуваше десет. Вкупниот број на заразени лица изнесува 82.804, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Од новозаразените два се импортирани случаи, додека вчера беа шест.

Додека забележан е раст на бројот на асимптоматски случаи од 27 на 34.

Во Кина не се регистрирани нови смртни случаи, така што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 4.632.