Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.04.2020 година) на територијата на Република  Македонија на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица- 84  потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 2.473 контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во државен карантин се спроведени 23 лица.

По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.