Скопскиот градоначалник Петре Шилегов доцна синоќа „заблеска“ и објави статус на фејсбук во кој се испофали за својата левичарска ориентација и наводната му хуманост, а десничарите ги нарече „себични простаци.“ Другата половина на граѓаните чиј „татко“ градски е, не потатко ко за другите, ги нарече достојни луѓе. Веројатно мислеше на челновите на матичната му СДСм.

Еве што околу полноќ, смисли промуќурниот Шилегов, за кого КОВИД-19 е КОВИД-18, како што самиот напиша пред некое време.

„Јас сум левичар. До коска. Затоа што ги сакам луѓето.

Не знам дали сте приметиле, драги мои, дека во секоја криза, се бараме едни со други. За да си помогнеме.

Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес.

За се’ друго лажат. Затоа се неспретни. Во лажната “љубов”, во “душегрижништво” …

Со десна се крстат, а со лева крадат.

Затоа се “изгубени” секогаш кога треба да покажат хуманост …

Хуманоста секогаш победува. Затоа што љубовта секогаш победува. А љубовта е давање и земање. Не само земање.

Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци…

Имајте убава, мирна ноќ, вие достојни луѓе. Ќе ги победиме. Секогаш.

Затоа што сме искрени. Во човечноста …“

Напиша околу полноќ во Скопје искрениот и хуман Петре Шилегов.