Утрово заврши ограничувањето на движењето кое започна во саботата во 15 часот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изразува благодарност за сите граѓани кои ги почитуваат мерките на владата за ограничување на движењето.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на Министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

✔️По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.