Македонија на врвот од црната статистика. Во нашата земја има најголем број на мртви од коронавирус, сметано на милион жители, во споредба со сите држави од регионот.

Податоците на worldmeters покажуваат дека Македонците најмногу умираат од коронавирус.

Вкупно починати на милион жители во Македонија до влера има 34, што е најголем број од целата оваа листа.

Имено, во Србија и Босна има по 19 починати на еден милион жители, во Хрватска 15, 13 во Грција, 10 во Албанија и 8 во Бугарија.

На оваа црна листа, Македонија е на прво место со најголем број смртни случаи од коронавирус, сметано на милион жители.

И онаму каде се споредува бројот на заразени, Македонија е на врвот со 682 заразени на милион жители. Повеќе заразени има само во Србија-972.

Грција има 243 заразени на милион жители, Бугарија 200, Албанија 261, Хрватска 499, а Босна 483.

Овие официјални податоци кои се објавени во текот на вчерашниот ден, се показател дека нашата земја не се справува добро со коронавирусот. Статистиката е поразителна.

До денес, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442. Бројката на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Но, на СДСМ им е важно да ја искористат ситуацијава во нивна полза. Додека државата брои заразени и жртви, СДСМ сака да брои гласови на избори.

Партијата на Зоран Заев е впушти во “авантура“ да го свикува самораспуштеното Собрание. Се договорија, собираа потписи, пратениците од оваа партија бараа да се вратат во законодавниот дом. Се надеваа на брзи избори, но пред се сакаа преку Собранието да најдат алиби за катастрофалните грешки кои ги прават и дрското кршење на законите.

Од Талат Џафери добија студен туш. Претседателот на распуштеното Собрание, во „КликПлус“ на ТВ21  ја објасни иницијативата за одново свикување на Собранието, после иницијативата на СДСМ. Јасно одговори дека тоа не е можно.

-Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот, коментираше Џафери.

СДСМ поднесе иницијатива со која сакаше повторно да го собере Парламентот, но таа иницијатива беше одбиена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Утрински брифинг“ потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, подготвени се кога и да се одржат, но сепак приоритет е здравјето на граѓаните.

-Ние неколку пати за ова прашање сме разговарале во самата партија и се разбира и надвор со луѓе што се блиски до нас, но и со граѓаните дека моментално не може да има избори. Бидејќи едноставно со сите овие мерки, со сите овие ограничувања, здравјето на граѓаните е пред се. Нас не ни е приоритет ни оваа тема, заклучи Мисајловски.

Мисајловски образложи дека за избори треба да одлучат здравствените работници, а сите ние како граѓани да ги почитуваме. Тој додека дека мора и правните експерти да се вклучени во изнаѓање на решение за предвремените избори.

-Се наоѓаме во една деликатна ситуација, но сите мора да бидеме свесни дека моментално најважно е здравјето на граѓаните. Јас се надевам дека ова што побргу ќе стивне, оние сите ограничувања што се кон граѓаните и кризните ситуации да ги снема и да влеземе во едно нормално живеење. Политичка криза како постојано да ја има во Република Македонија и како да излеземе од сето ова. Прво и основно да се потрудиме сите мерки што се предлагаат и од државата и од самите здравствени власти да се почитуваат за што поскоро да го поминеме овој процес и потоа да се вратат оние регуларни тековни прашања. Сега се навлековме во правни прашања во една правна мрежа како од ова да излеземе похрабри како да продолжи политичкиот живот во Република Македонија, истакна Мисајловски.

Како што се зборуваше, Заев и СДСМ се надеваа на брзи корона избори во јуни или јули. Тоа ќе биде директен ризик за здравјето на македонските граѓани. Битката на Заев за гласови изгледа нема граница.

Цел свет стравува од коронавирус, Македонија има најголем број на жртви во регионот, луѓе ги губат животите, се заразуваат и млади и стари, економијата е во колапс… ама СДСМ сака избори!