Првото годинешново прскање против ларви на комарците на скопското подрачје ќе биде извршено во понеделник, соопшти Центарот за управување со кризи. Во утринските часови ќе биде извршена авионска дезинсекција против ларвите на овие инсекти.

Во информацијата се наведува дека доколку временските услови не го дозволат извршувањето на прскањето, тоа ќе се изврши во првиот нареден ден кога временските прилики тоа ќе го дозволуваат. Прскањето, исто така, и тогаш ќе се врши во раните утрински часови.

Пчеларите се предупредуваат да на време ги презамат сите потребни мерки за заштита на пчелите.