Владината делегација предводена од Радмила Шекеринска, која денеска беше да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев, од група на граѓани беше пречекана со извици „Никогаш Северна, само Македонија“.

Пораката до Шекеринска и владата на СДСМ и ДУИ беше испратена токму пред вицепремиерката и министерка за одбрана да даде изјава за новинарите.

Кога новинарските екипи ги свртеа камерите за да снимаат што граѓаните им порачуваат на делегацијата, Шекеринска ги праша:

Да, така сметате? Дека е подобро да им правиме малку реклама? Луѓето мислат дека заслужуваат сами да си добијат медиумско време, а не преку нас, рече Шекеринска и одбиваше да даде изјава додека извиците не прекинат.

Владата на СДСМ е најгласна кога зборува за слободата на медиумите и транспарентноста, но во пракса тоа малку поинаку изгледа.