Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да забележат црн биланс и до 100.000 животи поради појавата на новиот коронавирус, пренесува „Њујорк пост“.

Трамп, говорејќи од Линколн Меморијал на Фокс њуз,ја даде проценката еден месец откако предвиде дека вирусот најверојатно ќе предизвика смрт на 60.000 до 70.000 луѓе на национално ниво.

„Ќе изгубиме некаде од 75, 80 до 100 000 луѓе“, рече Трамп во неделата вечер. „Ова е ужасна работа. Не би треба ло да изгубиме ниту еден човек поради ова “.

Трамп рече дека бројот на починати можел да биде подрастичен ако неговата администрација не преземела брзи активности.

„Да не го сторевме тоа, ќе изгубевме најмалку 1,2 до 1,5 милиони животи, а можеби и повеќе од 2,2 милиони“, рече Трамп.

Повеќе од 67.000 луѓе во САД починаа од оваа болест.