По вчерашните 4 денес уште кај петмина велешани е дијагностициран коронавирусот. Два од денешните пет случаи се од кластерот на конфекцијата ,,Јука,, односно една вработена и шофер на автобус кој ги превезувал вработените на конфекцијата.

Со ова во Велес од почетокот на заразата вкупната бројка до денес изнесува 86 граѓани кај кои е потврдено присуството на коронавирусот.