СДСМ тоне во криминалот, неспособноста и подлоста на Зоран Заев.Граѓаните видоа кое е неговото вистинско лице.Заев дрско ги навредува граѓаните.Заев е единствениот политичар во светот кој го пцуе својот народ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека човек што го пцуе сопствениот народ, ги мрази своите сограѓани и се срами од своето потекло и своите корени.

-Затоа Заев тргува со македонскиот идентитет и не му е свето ниту името, ниту историјата, ниту јазикот или културата. Македонија за него е пазар за богатење. Заев признава дека прислушуваните материјали ги давал надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери. Заев признава дека контролира невладини организации и студентски движења. Признава дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори. Заев треба јавно да се извини за тешките навреди и пцости кон народот. Заев од Македонија направи хибриден режим и криминален пашалук. Ако ова што го слушаме од Заев е само почеток има голема причина за загриженост кај Заев и СДСМ. Ќе стаса казна за сиот криминал кој го има направено. Заев ќе го стаса казна за навредите кон народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.