Процентот расте: Нови 22 случаи на коронавирус на спроведени само 145 тестови – Скопје, Прилеп и Тетово со најголем број заболени

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 нови случаи на коронавирус, на извршени 145 тестирања. Потврдените случаи се од Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Инаку, според…

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 нови случаи на коронавирус, на извршени 145 тестирања. Потврдените случаи се од Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Инаку, според анализата на Курир, ова за жал е рапиден пораст на процентот на тестирани заразени. До сега, дневниот просек беше од 7 до 10 проценти на заразени според бојот на тестирани. Во изминатото деноножие, процентот на заразени наспрема бројот на тестирани е високи 15 процвенти. Што би било доколку во Македонија, која е скоро иста по број на население како Словенија, се тестираат по околу 1.500 лица дневно, каков што е словенечкиот просек. Србија, пак, во изминатото деноноќие тестираше над 6.000 лица.

Министерството информира за 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 563, активни 128, Куманово – 408, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –178, активни 58, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0
Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -6. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.


Related Articles