Србија во последните три дена тестираше 16 792 лица, Македонија за 2,5 месеци има тестирано 19.000 лица

Во последните 24 часа Србија извршила 5.012 тестови на Ковид 19, од кои позитивни биле 62 лица или 1,2 отсто. Вчерашните информации беа дека во 24-те часа пред тоа, во…

Во последните 24 часа Србија извршила 5.012 тестови на Ковид 19, од кои позитивни биле 62 лица или 1,2 отсто.

Вчерашните информации беа дека во 24-те часа пред тоа, во Србија се тестирани 6.059 лица од кои 82 биле позитивни или 1,4 отсто.

А информациите од 9 мај велеа дека во претходните 24 часа во Србија се тестирани 5.728 лица од кои 89 биле позитивни или 1,7 отсто.

Истовремено во Македонија во последните 24 часа се тестирани 145 чица од кои 15 отсто се позитивни, а вчера 275 тестирани со 20 позитивни или осум отсто.

Инаку, се проценува дека Србија има 7,2 милиони жители или три пати повеќе од Македонија.


Related Articles