Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од  25 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста, а ќе дува и умерен јужен ветер.