Деновиве сите се прашуваат по социјалните мрежи, дали е можно вакво чудо, додека сме сите во изолација и карантин градскиот татко, Шилегов заедно со уште некој сопартиец да успеале да го постигнат врвот во создавањето на „монументална уметничка креација“ по која вечно ќе бидат запаметени и он и неговите истомисленици.

Градскиот плоштад во Скопје за сите Скопјани и оние од внатрешноста на републиката доби ливада или доби пасиште. Ваквата креација во моментот се спори од кого е, првично беше од градскиот татко, па потоа од анонимни граѓани, не е од него, па другарите му помогнале и така натаму деновиве се билдаат изговори и оправдувања, но вистинска и реална причина за негово поставување се знае, приближно е иста како причината за паркот кој го поставија на кровот од ГТЦ иако претходно се собираа да го гушкаат, бакнуваат, да го галат ГТЦ бидејќи им бил посебно при срце на Шилегов и неговите сопартијци. Причината лежи во 530.000 илјади евра за ливадата и приближно толку, може нешто повеќе за паркот на ГТЦ. Тоа што на граѓаните не им е јасно и не треба, во ваквите креации само авторот, а во многу ситуации како оваа и авторот не знае што значи делото, провизијата е побитна, нели?

По социјалните мрежи се почесто можеме да ги видиме и да прочитаме за “достигнувањата“ на оваа власт во областа на просторното планирање и хортикултурата, таков беше случајот и пред некој ден. Ова можевме да го прочитаме првиот ден кога се појави ливадата во Скопје: на 5.000 м2 е зазеленет просторот пред ГТЦ!

Да биде потоа оваа констатација проследена со изјава: “ Секојдневно ги потврдуваме заложбите за зазеленување и ослободување на просторот секаде каде е можно и условите го дозволуваат тоа“.

Доколку се изанализира реченото и стореното од професионален аспект на просторно планирање и хортикултура од експерти од овие области во рамките на Македонија, се доаѓа до следните тези и заклучоци:
1. Дали навистина се зазеленети 5.000 м2 и како е озеленето?
2. Дали воопшто има некаков проект за оваа позиција со која се фали градскиот татко Шилегов?
3. Што може да се види на лице место?

За оние кои не се во можност да ја посетат ливадата во центарот на Скопје, да подобјасниме што може да се види и забележи: Обична тревна површина со неправилна геометриска форма со приближна површина околу 800 м2. На едниот крај завршува друго мало парче површина без одредена форма на која се расфрлени ефтини саксии. Наликува како креаторот да сакал да вметне дел од геометриски стил на парк од времето на Луј ХIV ??? За жал, направена е невкусна и неуспешна приказна ако приказна воопшто има?
За да се вметне ваквиот стил, мора да се следат строго пропишани правила и норми кои мора да се испочитуваат при проектирање и изведба. Мора да има рундели, цветни бордури. Треба да изгледа монументално, да биде симбол на богатство и да зрачи со сила и раскош. Може да се изработи како мал дел во склоп на целиот плоштад, но не да пречи на концептот на плоштадот.
Вака изработеното парче не се вклопува воопшто. Со поставување на ваква тревна површина на ова место се крати визуелната перцепција од ГТЦ према плоштадот и обратно. Визуелната перцепција треба да е чиста, да не го запира погледот со хаотично наредени ефтини саксии, а плоштадот треба да се гледа без никаква пречка во целост.
Воедно, со оваа таканаречена изведба е нарушена големината на плоштадот. Наместо голем и широк плоштад како што заслужува главен град на една држава, сега почнува да личи на плоштад на провинциска паланка.

Саксиите како што се поставени се несоодветни по својот изглед и местоположба и допринесуваат за просторот да изгледа хаотично. Очигледно немале идеја па се расфрлени низ просторот по случаен избор! Типот на растенијата кои се насадени во истите ефтини саксии се од Buxus sempervirens треба да се со топијарни форми, во форма на коцка или топка. За жал се со нетипична форма и несоодветна големина, а воедно изгледот им е сосема неуреден.

Во саксија насадена со Acer palmatum насадено е и Nandina domestica nana во долниот дел. Истите во долниот дел не соодвествуваат со бојата на Acer ниту со формата.

Да резимираме:
– Решен простор без идеа
– Преголеми саксии за премали растенија
– Тревна површина поставена на несоодветна подлога (тампон)
Тука се наметнува и прашањето на одржливост во иднина на ливадата, дали е тоа само еднократна „зелена“ површина или е за подолг период. Од поминати само неколку дена и непостоење на одржување на ливадата, по се изгледа ниту залутаните овци а ниту граѓаните нема да видат лезет од истата, за кондицијата на тревата не треба да се дискутира веќе почнува да се губи.

За жал очигледно е несоодветното решение, без доволно знаење од науката според која е реализирано, а само со цел за да се оствари некој интерес и без трошка совест ниту пак идеја ќе мора да го гледаме сквернавењето коешто се случува на плоштадот во ова време и во владеење на вака неупатената и без идеја локална власт, која се грижи само за провизиите и профитите од распишаните тендери!

Централна Комисија за Животна средина на ВМРО – ДПМНЕ