Првпат од воспоставување на мрежата, таа се проширува со склучување на нови договори со заинтересирани ординации, во рамки на буџетот со кои располагаме во моментов.

Тендерската документација е при крај и слободните места ќе ги објавиме до крајот на следната недела, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Мрежата за ортодонција ќе се прошири со по едно слободно место во сите 8 региони и со единственото слободно место по протетика.

По овој бран на проширување на мрежата ќе се работи на нов модел на проширување, кое ќе следи по ребалансот на буџетот, а во договор со ФЗОМ.

Ова остварување на ветување следи по состанокот со специјалистите стоматолози во изминативе неколку недели.