Бразил на трето место според бројот на заразени, за 24 часа починаа 674 лица

Откако ја надмина Велика Британија, Бразил се искачи на високото трето место во светот во однос на бројот на заразени со новиот Ковид-19. Бројот на заболени во Бразил се зголеми…

Откако ја надмина Велика Британија, Бразил се искачи на високото трето место во светот во однос на бројот на заразени со новиот Ковид-19.

Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13 140 и достигна 254 220 луѓе, додека во Велика Британија се регистрирани 247 706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16 792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати.

Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.


Related Articles