Полицискиот час да трае од 19 часот во сабота, па до вторник, до 5 утрината. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој е доставен до Владата, дознава Сител.

Засега дилемата е дали полицискиот час да започне од 14 часот во сабота и да трае до 5 часот наутро во вторник, или пак да започне во 19 часот во сабота, но сето тоа ќе биде разјаснето подоцна на владина сединца.

Комисијата за заразни болести денеска расправаше за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците кои следат, како и за отворањето на угостителските објекти.

Со оглед на тоа дека може да има продолжен полициски час, отварањето на рестораните ќе почека, односно за тоа ќе се разговара од вторник.

Останува да почекаме и да видиме дали владата ќе ги примени предлозите на Комисијата или ќе даде други препораки.