Ha Универзитетот во Мелбурн спроведено е интересно истражување за бракот.

Научниците co оваа студија се занимавале дури 14 години, а за да дојдат до резултатите тие темелно го следеле холандскиот регистар на бракови, но и разводи.

Врз база на статистичките податоци тие заклучиле дека постојат одредени денови на кои брачната заклетва е осудена на пропаст. Односно, процентот на разводи кај паровите кои склучиле брак во одредени денови, како што е Денот на вљубените е петпати зголемен.

Освен на 14 февруари, (41% од луѓето се развеле) несреќен датум за случување на брак е 8.8. или 11.11. Потпишување на брачниот документот на овие датуми има голема можност да заврши со развод дури за 30%.